297
На граничниот премин Табановце, пристигна втората пратка вакцини Фајзер како донација од соседна Србија.
„Овој начин на солидарност се реализира уште еднаш. Оваа количина на вакцини ќе биде доволна да се вакцинираат сите здравствени работници, кои што се во приоритетна категорија, кои работат со Ковид-пациенти“, изјави министерот за здравство, Венко Филипче кој ги пречека и доби вакцините од неговиот колега од Србија, министерот Златибор Лончар.
Првата пратка од 4680 дози вакцини Фајзер од Србија пристигна во нашата земја на 14 февруари. Со таа пратка кај нас официјално започна процесот на имунизација против Ковид-19.