Принц Хари: Полициската заштита ни беше одземена за да не спречи да одиме во САД

од Vladimir Zorba
332 прегледи

Принцот Хари, по сослушувањето за отстранување на полициската заштита, рече дека тоа е направено во обид да се спречи тој и неговата сопруга Меган да ја напуштат Велика Британија и да започнат нов живот во Соединетите држави.

Во изјавата за британски „Телеграф“, војводата од Сасекс рече дека било тешко да се прифати одлуката кога му била соопштена, сугерирајќи дека е донесена поради несогласувања со неговиот татко, кралот Чарлс.

Тој посочи дека ќе му биде тешко да му го прости третманот што го претрпе, додавајќи дека неговите „најлоши стравови биле потврдени“ со тајните докази што ги слушнал на суд.

Слични содржини