Принцезата Кејт предупреди дека дигиталните уреди ги раздвојуваат членовите на семејството

„Иако дигиталните уреди треба да нè поврзат, тие често го постигнуваат спротивното“, напиша принцезата во есеј што го напиша во соработка со професорот на Медицинскиот факултет Харвард, Роберт Валдингер, објави Би-Би-Си.

од Vladimir Zorba
8 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин

Принцезата од Велс и сопруга на принцот Вилијам, Кејт, предупреди дека прекумерната употреба на паметни телефони и компјутери создава „епидемија на раздвојување“ што влијае на семејниот живот, објавија денес британските медиуми.

„Иако дигиталните уреди треба да нè поврзат, тие често го постигнуваат спротивното“, напиша принцезата во есеј што го напиша во соработка со професорот на Медицинскиот факултет Харвард, Роберт Валдингер, објави Би-Би-Си.

Таа додаде дека паметните телефони и другите уреди постојано нè одвлекуваат и ни го расипуваат времето што го поминуваме заедно како семејство.

„Физички сме присутни, но ментално отсутни и не сме во можност целосно да се посветиме на комуникација со луѓето пред нас“, напиша принцезата.

Како што наведе, истражувањата ја покажуваат важноста на создавање топли и здрави односи меѓу семејствата и луѓето, но социјалниот тренд оди во спротивна насока, така што има сè повеќе осамени и изолирани поединци, а членовите на семејството не обрнуваат соодветно внимание едни на други.

Кејт предупреди дека овој проблем е особено акутен за денешните деца кои живеат во свет преокупиран со дигитална технологија.

Во есеј објавен на веб-страницата на Кралскиот фондациски центар за рано детство, таа наведува дека децата треба да бидат охрабрени да развиваат социјални и емоционални вештини што ќе им помагаат во текот на целиот живот.