Џиновски мурал на легендарниот американски пејач Принс осамна на една зграда во американската држава Феникс. Автор на муралот е локалната уметница Меги Кејн, која во чест на големиот пејач го создала ова џиновско дело со височина од 18 и широчина од 14 метри.

На него се претставени различни периоди од децениската кариера на популарниот музичар. Кејн цели два месеци работела на муралот, а резултатите се неверојатни, давајќи единствена уникатност на животот на пејачот, кој почина во 2016 година.
My office. Detail of continuing progress. pic.twitter.com/nlD4YKDk62
— Maggie Keane (@maggiekeanezart) July 1, 2019
Посебно внимание на муралот привлекуваат огледалните очила за сонце поставени на централно место на ова дело.
Кејн иако никогаш не го гледала Принс во живо, сепак бил голем обожувателка на неговата музика и уметност.