Принс го заобиколувал законот поради болки

од Vladimir Zorba
69 прегледи

Судски документи, декласифицирани поради истрагата за смртта на Принс, покажаа дека лекар и близок пријател на музичарот му помагале да добива опиоидни аналгетици кои се доделуваат само на рецепт, соопштија американските медиуми.

Како Принс го купувал фентанилот кој го убил, сепак не станува јасно.

Писмените сознанија беа објавени во судот на округот Карвер во рамките на истрагата за смртта на музичарот. Тие покажуваат дека властите ја пребарале зградата му Пејзли парк, ги проследиле телефонските разговори на неговите соработници и ја прегледале комуникацијата, за да разберат како се снабдувал со синтетички опиоиден фентанил, кој е 50 пати посилен од хероин.

Документите покажуваат дека Принс се борел со зависноста од опиоиди. Само шест дена пред неговата смрт му се слошило за време на летот и авионот слетал итно во Илиноис. Тогаш Принс е вратен во свест со две дози од медикамент кој се спротивставил на предозирањето со опиоиди.

Во изјавата под заклетва изјава д-р Тод Шуленберг, го прегледал Принс на 7 април и на 20 април, ден пред неговата смрт, велејќи дека му препишал оксикодон истиот ден кога авионот слетал со итност, но рецептот бил на името на Крк Џонсон, за да биде зачувано во тајност името на музичарот.

Џонсон е пријател и соработник на Принс.

Во домот на Принс се откриени многу различни лекови, вклучувајќи и опиоиди. Некои од нив биле препишани на Џонсон, пренесе АФП. Според полицијата, пејачот страдал од зависност од дрога.

Принс беше пронајден мртов во својот дом на 21 април 2016 година.