Како што многумина нејзини пријатели стравуваа, принцезата Беатрис (31) го смени датумот за прославата на својата свршувачка поради скандалот во кој се најде нејзиниот татко, принцот Ендрју, пишува Daily Mail.
Беатрис го сменила датумот бидејќи се плашела дека ќе има многу папараци кои ќе го следат секој чекор на принцот. Прославата требаше да биде на 18 декември, но дошло до вознемиреност во нивното семејство поради изминатите случувања.
Имено, синот на британската кралица Елизабета Втора, отстапи од своите кралски должности поради скандалот поврзан со неговиот покоен пријател Џефри Епштајн кој беше во затвор поради обвинение дека приредувал педофилски оргии, а британските медиуми, особено, зборуваат за принцот.Против него, најгласно зборуваа кога излегоа обвиненијата во 2015 година, дека спиел со извесна Вирџинија Робертс, додека таа била малолетна.
Поради секс скандалот во кој се нашол Ендрју, принцезата морала да ги одложи плановите.
Беатрис се заљубила во мултимилијардерот Едоардо Мапелиј Мозиј кој го запознала минатата година, а Бакингемската палата неодамна изјави дека парот се свршил.
Тајкунот Едоардо, зад себе има неколку сериозни пропаднати врски, а една од нив дури резултирала со свршувачка. Иако до венчавка не дошло, тој има син од таа врска. На венчавката со Беатрис најверојатно ќе присуствува неговиот вонбрачен син и поранешната свршеница.