Принцот Чарлс избран за иден лидер на Комонвелтот на нациите

од Vladimir Zorba
101 прегледи

Британскиот престолонаследник, принцот Чарлс денеска беше избран за иден лидер на Комонвелтот на нациите, како наследник на неговата мајка кралицата Елизабета Втора по нејзината смрт.

Одлуката беше донесена од лидерите на државите членки на Комонвелтот на средбата во замокот Виндзор.

Предлогот раководството со организацијата да биде по ротациски принцип меѓу 53-те држави членки беше отфрлен, а кралицата, британската влада и други лидери изразија поддршка за принцот Чарлс.

Комонвелтот на нациите е меѓународна организација во која членуваат Велика Британија и најголемиот број поранешни британски колонии.