258
Британскиот престолонаследник, принцот Чарлс и неговата сопруга Камила ја примија првата доза на вакцината против коронавирус, објавено е од неговата резиденција.
Портпаролот на принцот Чарлс, сепак, не кажа која вакцина ја примил парот.
Принцот Чарлс и неговиот постар син Вилијам имаа полесна форма на болест ковид-19 на почетокот на првиот бран на пандемијата, пролетта во 2020 година.
Кралицата Елизабета Втора (94) и нејзиниот сопруг принцот Филип (99) беа вакцинирани на почетокот на јануари.