Принцот Чарлс за првпат се појави во јавноста по контроверзното интервју на Хари и Меган (ВИДЕО)

од Берта Китинска

Принцот Чарлс беше виден во јавноста денес, за првпат откако во неделата вечерта во САД беше емитувано интервју со принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл, кој изнесе бројни бомбастични обвинувања во врска со кралското семејство.

Принцот денес беше во посета на пункт каде се одвива вакцинација во северен Лондон, а британските медиуми пишуваат дека тој бил „добро расположен“.

Тој им се заблагодари на сите што учествуваа во дистрибуцијата на вакцините.

Да потсетиме, британските медиуми пишуваат дека интервјуто меѓу Хари и Меган предизвика вистинска бура во Бакингемската палата. Кралицата, принцот Чарлс и принцот Вилијам наводно се состанале зад затворени врати за да одлучат како да одговорат на „повиците“ на Хари и неговата сопруга.

Оние кои се запознаени со настаните во палатата, велат дека внатре владее „расположение на шок и тага“, бидејќи принцот „го бомбардирал своето семејство“. Наводно, членовите на кралското семејство, како и персоналот, со неверување шетале низ замокот.

Слични содржини