Принцот Чарлс и забранил на Меган Маркл да носи тиара на првата државна вечера Daily Mail сооштува дека извор близок до кралското семејство ги информирал дека за време на престојот на Фиџи, во октомври минатата година, Меган Маркл сакала да носи тиара со скапоцени камења од колекцијата на кралското семејство.
Нејзиниот свекор ја советувал да се откаже од оваа намера. Мотивите биле дека не е вообичаено да се носи тиара во некои земји на Комонвелтот, бидејќи тоа е премногу “екстравагантна” и секако “потсетува на минатото”. “Меган не беше свесена за тоа, затоа што тоа е нешто ново за неа, па затоа и принцот Чарлс и објаснил дека нејзиниот избор не е соодветен за таа пригода“, објаснил изворот.
Затоа пак Меган носи дијамантски обетки, за кои се претпоставува дека се од кралската колекција, која е најголемата приватна колекција во светот, пренесува весникот и додава дека војвотката на Сасекс била облечена во тоалета на лондонската марка Safiyaa .
Според податоци на ОН просечната месечна плата на Фиџи е само 400 фунти и затоа Чарлс сметал дека тиарата нема да е особено погоден моден додаток, а не е и во согласност со модерната монархија.
Затоа пак изданието пишува дека недостигот на скапоцената тиара на главата на Меган го привлекло вниманието на новинарите, бидејќи истиот ден сопругата на принцот Вилијам – Кејт Мидлтон се сретнала со кралот на Холандија во Бакингемската палата и на главата ја носела дијамантска тиара којашто и припаѓала на принцезата Дијана.