Принцот Хари до семејството: Заминувам во Канада што поскоро

421 прегледи

Велика Британија е во шок откако принцот Хари со сопругата Меган Маркл објавија дека се повлекуваат од кралските должности. Во шок е наводно цело биртанско кралско семесјтво кое немало поим што прави Хари.

Меган Маркл заминала во Канада веднаш откако објавиле дека се повлекуваат бидејќи таму останал нивниот осуммесечен син Арчи. И принцот заминува во првата прилика, пишуваат британските новинари. Наводно тој ја известил баба си и татко си дека ќе одработи уште еден ангажман, а потоа оди за Канада да биде со синот и сопругата.

Кралицата и принцот Чарлс, наводно, се шокирани и тажни бидејќи Хари им врти грб, а Бакингемската палата објави дека бараат начин за што побезболно справување со новонастанатата ситуација.

Слични содржини