Принцот Хари наскоро може да биде како татко му Чарлс во ќелавоста. 34-годишниот кралски наследник, очигледно, има помалку коса откако се ожени за актерката Меган Маркел во мај 2018 година, велат таблоидите на англиски јазик. Тие дури и му препорачуваат на помладиот син на Дајана да се обрати кон стручните служби за косата.
“ИСе забележува значителна ќелавост кај принцот Хари во текот на изминатата една година. Со оваа стапка тој наскоро ќе го достигне својот брат Вилијам и неговиот татко Чарлс. Ако не преземе итни мерки, тој наскоро ќе има голо теме. За среќа, тој сè уште не почнал да ја крие својата ќелавост. Очигледно, има жена на која ѝ се допаѓа без разлика каква е состојбата на неговата коса. Сепак, единственото долготрајно решение за ќелавоста е да се пресади косата “,рече д-р Асим Шалалак од клиника во Манчестер за PageSix.
Друг експерт за ќелавост се искажа уште похрабро изразувајќи сомневање дека Хари побрзал да се венча за Меган токму од страв дека ќе стане ќелав.