Принцот Хари откри која тешка одлука мора да ја донесе

Пандемијата од коронавирусот одложи бројни спортски настани, а меѓу нив и Инвиктус игрите кои ги основа британскиот принц Хари.

Станува збор за спортски настан кој го основал самиот принц откако ја завршил воената служба во Авганистан. На игрите учествуваат ранети или болни припадници на вооружените сили и воени ветерани во низа спортови, од кошарка до веслање.

„Се надевам дека сите се подготвени за она што ќе биде една неверојатна спортска недела. Не се сомневам дека холандската јавност веднаш ќе застане зад овие Игри и дека некој натпреварувач ќе може да очекува срдечно добредојде и неверојатна атмосфера“, порачал Хари на средната на јануари.

Меѓутоа, пандемијата ги присилила организаторите да го откажат петтото издание на Игрите кои требаше да се оддржат од 9 до 16 април во Хаг.

Првите Инвиктус игри беа одржани во 2014 година во олимпискиот парк кралица Елизабета во Лондон. Вторите во Орландо, третите во Торонто, а ланските во Сиднеј.

Слични содржини