Поминаа повеќе од два месеци откако, сега поранешниот, кралски пар објави дека се откажува од своите титули и се сели во Канада. Принцот Хари и Меган Маркл на тој начин ги изненадија сите, па така и неговата баба, кралицата Елизабета.
Тие одлучија дека ќе бидат потполно финансиски независни, а британските медиуми пишуваат дека војвотката од Сасекс ќе се придружи на екипата на шоуто на Нетфликс, ‘I Do, Redo’, кое го води нејзината блиска пријателка, 40-годишната канадска трендсетерка и стилистка Џесика Мулрони.
Меѓутоа, се чини дека и нејзиниот сопруг сега веќе пронашол нова работа.Имено, Mirror јавува дека принцот моментално е во преговори со една од најголемите светски банки Goldman Sachs, со која би можел да заработи преку милијарда фунти.
Британските медиуми пишуваат дека преговорите траат уште од ноември минатата година кога принцот заедно со сопругата ја донеле одлуката за финанскиската независност.
Доколку се договорот, Хари во иднина ќе одржува говори на спонзорирани настани во огранизација на Goldman Sachs банката. Војводата од Сасекс не би бил првиот „селебрити“ вработен на оваа банка, бидејќи и фудбалерот Дејвид Бекам и актерката Гвинет Палтроу држеле говори на слични настани.
За потсетување, се работи за инвеститорска банка која делумно е одговорна за финансиската криза во 2008 година и за тоа на сметката на САД морала да уплати пет милијарди долари.