Линдзи Лохан успеа да маѓепса уште еден милионер, според нови гласини. За актерката се вели дека ѝ се додворувал крунисаниот принц на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман, за кој се вели исто така дека наредил убиство на популарен локален новинар.
Според гласината, кралскиот наследник ѝ дал личен авион на sвездата, а таа го пропатувала светот со него, покрај тоа што ѝ дал и ограничена кредитна картичка, пишува ПејџСикс.
Официјална портпаролка на Лохан ги негираше ваквите гласини и рече дека таа го видела принцот само еднаш и една година за време на Гран-при формула. Сепак, близок до убавицата, рече дека таа активно разговара со Салман и можно е дека тој се грижи за неа. Според нив, многу мажи од арапскиот свет се навикнати на тоа.
„Тие лудуваат поради тоа во овој дел од светот“, изјави за медиумите една личност од нејзиното опкружување.
Претходно апетитот на Линдзи го задоволуваше рускиот бизнисмен Игор Тарабасов, со кого се раздели во 2016 година. Претходно, нејзиното име се поврзуваше со Викрам Хатау.