Припадници на АРМ ќе учествуваат на вежбата „PLATINUM WOLF 23″

од Vladimir Zorba

Владата донесе и одлука за испраќање припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „PLATINUM WOLF 23″, во Република Србија.

Оваа вежба, според Информацијата од Министерството за одбрана, е во организација на вооружените сили на Република Србија, а на неа ќе земат учество и вооружени сили на Република Грција, Република Словенија, Република Босна и Херцеговина, Република Романија, Република Унгарија, Обединето Кралство и Соединетите Американски Држави.

Слични содржини