Природна маска која го обновува влакното на витканата коса

од Elena Daskalova

Негата на витканата коса е специфична и често тешка, а понекогаш дури и скапите шампони и маски не ја извршуваат својата функција.

Праксата покажала дека во голем број случаи токму природната нега на косата дава далеку подобри резултати, кога е во комбинација со соодветни козметички препарати.

На влакното на витканата коса му е потребна дополнителна влажност, поради кршливоста и сувоста. Најдобри за нега се шампонот и регенераторот без сулфати. А, за да ја подобрите нивната ефикасност, направете ја оваа маска од природни состојки:

2 лажици маслиново масло
Една жолчка
Лажичка ливадски мед
Малку арганово масло

Треба малку да го загреете маслиновото масло, да ја додадете жолчката, потоа аргановото масло и на крај медот. Измешајте и нанесете на косата. Најдобро е да стои најмалку четири часа.

Слични содржини