Природни средства за отстранување на кожни израстоци

од Vladimir Zorba
8,4K прегледи

Меките кожни брадавици се неракови израстоци кои можат да се појават на различни делови од телото, како очните капаци, вратот, свивките кај колковите, под градите и други.b3ec682d212d8370b9c14551960262ba

Причините за нивната појава обично е механичкото триење на долна облека, облека, накит. Од друга страна кожните израстоци се јавуваат кај луѓето кои страдаат од прекумерна тежина , дијабетес, кај бремени и луѓе со хормонални нарушувања и други.

Обично кожните брадавици се вадат со ласер, но има некои природни лекови кои при подолго нанесување исто така можат да дадат позитивен ефект. Видете кои се и како да ги применувате.

Сок од кромид
Исечете една или две главици кромид, ставете ги во тегла и додадете кон нив мала количина сол. Оставете ги да останат за една ноќ и на другиот ден со помош на тензух или газа извлечете сок од смесата. Навечер мачкајте ги погодените места со сокот, а во утрата исплакнете со вода. Аплицирајте барем 1 недела.

Сок од ананас
Сокот од ананас е исто така добро средство за отстранување на меките кожни утерини. Секој ден во текот на најмалку 10 дена нанесувајте сок од ананас врз утерините. Ако имате можност правете го овој трик 3-4 пати дневно.

Лук
Лукот е познат по тоа што делува како природен антибиотик. Тој помага за отстранување на брадавици, но исто така може да има и корисен ефект кај кожни утерини. Земете 1-2 лукчиња и истријте ги. Добиената паста ставете ја врз погодените места, покријте со газа и лента. Оставете да делува неколку часа, а потоа исплакнете со вода.

Гел од алое вера
Алое Верата, исто така има голем број на бенефиции за здравјето и убавината на кожата. Купeте 100% гел од растението и секој ден по неколку пати нанесувајте од него со лесни масажни движење на утерините.

Ѓумбир
Ѓумбирот е другата природна нега, која може да ја подобри состојбата на кожата. Купете корен од билката. Пресечете мало парче и отстранете ја кората. Исечете го на кришки и со нив намачкајте, без да плакнете. Практикувајте ја попстапката барем 2 недели.