Приштина повторно најзагаден град во светот

од Vladimir Zorba
109 прегледи

   Косовската метропола, Приштина, денеска се најде на прво место во светот по загаденост на воздухот. Според мерењата на „Air Quality Index“ (AQI), индексот на загаденост е 221 или „многу нездраво“.

Според истиот извор состојбата со воздухот не се сменила, иако во координирана одлука меѓу општина Приштина и Министерството за животна средина и просторно планирање, во последната недела од јануари, неколку улици во главниот град беа затворени за возила, како итна мерка против загадувањето на воздухот.

Загрижувачкото ниво на загаденост во Приштина е присутно во последните месеци.

Инаку, денеска на листата по загадини градови по Приштина се индиските градови Мумбај, Њу Делхи и Калкута.