Министерството за здравство информира дека утрово во земјава пристигнаа 20.000 вакцини на „Астра Зенека“, кои се донација од Република Хрватска.
-Вакцините веќе од следната недела ќе бидат дистрибуирани по вакциналните пунктови низ земјата. Ова е втора донација на вакцини „Астра Зенека“, од страна на хрватската Влада. На почетокот од месец јули донација од 10.000 вакцини, донесе министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман. Солидарноста и подадената пријателска рака во време на пандемијата е чин што целиот процес на борба против корона вирусот го прави поуспешен, соопштија од ресорното министерство.
Министерот за здравство упати голема благодарност до хрватската Влада за солидарноста покажана во изминатиот период.
-Со ваквиот чин на пријателство процесот на борба против корона вирусот е поуспешен за целиот регион, истакна Филипче.