Денеска пристигна серверот потребен за користење на системот со кој на претстојните локални избори гласачите ќе се идентификуваат со отпечатоци од прсти. Со серверот во ДИК пристигнаа и 10 станици за полнење на терминалите со информации за гласачите и тој сега ќе биде подложен на тестирање.
„Сега во просториите ќе биде поврзан со главниот сервер на ДИК и ќе биде тестиран за полнење. Серверот стигна една недела предвреме затоа што е многу важна таа операција, да се види дали ќе полни, како ќе полни и времето, брзината на полнење Ако серверот покаже дека добро работи, ќе ги подготвиме и за едукација на претседателите и замениците на избирачките одбори. Ќе се стави во функција целата операција, што значи дека процесот оди добро, односно и повеќе од добро, затоа што серверот пристигна една недела порано и може да се почне со полнење на овие терминали што се за обуки, а потоа и со полнење на други терминали во зависност од заклучувањето на избирачкиот список“,вели Даштевски.