Пристигнаа 10.530 дози од вакцината „Фајзер“

од Viktor Jovanov

Министерството за здравство информираше дека попладнево пристигна првата пратка од вакцината „Фајзер“ која министерството ја обезбеди со дирекни преговори со компанијата. Станува збор за 10.530 дози кои веќе во среда ќе бидат распределни по вакциналните пунктови низ државата каде согласно планот за имунизација се врши вакцинација на жителите.

Вакцините ќе бидат чувани во специјални фрижидери кои постигнуваат температура до -70 степени кои државата ги набави во Јануари годинава токму поради овие вакцини кои бараат посебни услови за складирање.

 

 

Слични содржини