Иран се заканува со можни напади на Форт Мекнер, американска воена база во Вашингтон, како и на заменик-началникот на Генералштабот на САД, Џозеф М. Мартин, пренесе „Б92“.
Тие наведуваат дека комуникацијата пресретната од Националната агенција за разузнавање (НСА) во јануари покажала дека иранската револуционерна гарда размислувал да изврши „напад во стилот на оној на воениот брад US S Koul“, што се однесува на самоубиствен напад во октомври 2000 година кога мал брод доплови покрај воениот брод на американската морнарица во пристаништето Аден во Јемен и експлодираше, при што загинаа 17 американски морнари.
Според извори на АП, разузнавачките служби ги откриле и плановите на Иран да го убие генералот Џозеф М. Мартин и да се инфилтрираат во воената база во Вашингтон.
Генералот Мартин живее во базата Форт Мекнер, еден од најстарите во Америка.
Овие закани се причина армијата да го засили обезбедувањето околу Форт Мекнер.
Комуникациите пресретнати од американските разузнавачки служби биле спроведени помеѓу припадниците на елитната единица Кудс на Иранската револуционерна гарда, а биле разгледувани и можни воени опции за одмазда за убиството на поранешниот водач на Кудс генерал Касем Сулејмани во Багдад во јануари 2020 година, според две официјални лица.