Пристигнува нова количина вакцини против ковид 19

од Берта Китинска
410 прегледи

Нови количини на вакцини против ковид 19 пристигнуваат во земјава.

Според најавите на министерот за здравство Венко Филипче, кинеските вакцини ќе пристигнат утре. Додека пак меѓу 5.000 и 7.000 вакцини на „Фајзер“ ќе пристигнуваат секој понеделник во мај, односно вкупно 26.000.

Србија ѝ донираше уште 13.000 руски вакцини

„Србија ѝ донираше дополнителни 13.000 вакцини Спутник V на С. Македонија“, изјави а премиерката Ана Брнабиќ, наведувајќи дека досега на нашата земја ѝ се донирани вкупно 48.000 вакцини.

По посетата на термоцентралата, Брнабиќ пред новинарите во Костолац изјавила дека дополнителни 13.000 вакцини „Спутник V“ биле доставени до С. Македонија доцна синоќа, како дел од контингентот од 20.000 вакцини од компонентата два, наменети за ревакцинација.

Брнабиќ потсети дека тие 20.000 вакцини беа доставени пред три недели, додавајќи дека Србија има доволно вакцини и дека доколку е потребно ќе продолжи да биде отворена за поддршка на пријателите и партнерите во регионот.

На веб страницата vakcinacija.mk  е објавено дека досега вакцина против Ковид-19 примиле 55 926 граѓани, а за вакцинација се пријавени 207 332 граѓани. Во тек се и подготовките за масовната вакцинација која треба да започне по велигденските празници во шесте регионални вакцинални пунктови во Куманово, Штип, Битола, Охрид, Тетово и во Кавадарди.

Вкупниот број Ковид-дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 151.569, бројот на оздравени пациенти е 131.530, на починати е 4.772, а на активни случаи изнесува 15.267 од кои 6883 се во Скопје.

Слични содржини