Пристигнуваат 24.000 вакцини: „Што поскоро се вакцинираме, толку побрзо ќе ја победиме пандемијата“

од Берта Китинска

Во недела пристигнуваат 24 илјади вакцини на АстраЗенека во земјава.

Премиерот Зоран Заев од Делчево порача дека вакцините се безбедни и испрати порака велејќи дека што поскоро се вакцинираме, толку побрзо ќе ја победиме пандемијата.

Први на список за вакцинирање во земјава покрај здравствените работници, се повозрасните луѓе, хронично болните, попишувачите, полицијата, војската и други граѓани.

„Има една предност што сме земја со задоцнување со вакцините. Земјите членки на ЕУ почнаа пред нас и можевме да согледаме предности и слабости, а од тоа може да извлечеме единствена констатација дека вакцините се здрави, треба да ги користиме сите. Колку час поскоро се вакцинираме сите, толку поскоро ќе ја победиме пандемијата“, вели премиерот.

Во меѓувреме голем дел од македонските граѓани се пријавија да ја примат вакцината против ковид 19 во Србија.

Заедно со македонски бизнисмени, за кои се обезбедија вакцини против Ковид-19 со помош на Стопанската комора на Србија, викендов во Србија ќе се вакцинираат и бројни македонски граѓани, кои немаат српско државјанство, а се пријавиле преку официјалната страна на српскиот Институт за јавно здравје. Во текот на вчерашниот ден голем број македонски граѓани кои се пријавиле за вакцинација во Србија.

На македонските државјани и граѓаните на земјите од регионот достапна им е вакцината на АстраЗенека.

Нови рестриктивни мерки нема да има

Нема дополнување на мерките за заштита од коронавирусот и во сила остануваат веќе донесените мерки за заштита, одлучила денеска Комисијата за заразни болести по увидот на епидемиолошката состојба.

Мерката за забрана за движење во периодот од 22 часот навечер до 5 часот наутро ќе трае до 6 април.

 

 

Слични содржини