Присуството на основање на партија не значи по дефиниција веднаш дека ќе се направи коалиција, порача Петровска

од Nikola Popovski
213 прегледи

СДСМ не стравува дека е можно напуштање на дел од коалициските партнери пред изборите, изјави денеска министерката за одбрана и дел од владеачката партија, Славјанка Петровска. Според неа, формирањето на нови партии е дел од демократскиот амбиент во земјата.

„Во поглед на тоа дали СДСМ стравува од одлив на гласови од која било политичка партија мислам дека во периодот кој претстои, особено во изборната кампања и за претседателските и за парламентарните избори имаме доволно простор да соопштиме и уште еднаш да потсетиме што сè изминатиов период беше направено, она што е интересно, она што е важно за граѓаните. Меѓутоа, исто така, уште поважно е да понудиме концепт, да понудиме програма за тоа како ќе настапиме и на изборите, како и што ќе правиме и во идната влада“, рече Петровска на новинарско прашање.

Како што истакна министерката, присуството на Генералниот секретар на СДСМ, Зечевиќ на вчерашната конвенција на „Нова алтернатива“ не значи соработка.

-Тоа е одлука на партијата. Ако партијата добила покана мислам дека кој било претставник на партијата треба да удостои формирање на политичка партија доколку принципите на формирањето на таа партија се демократски и она што сите ние го споделуваме – европските вредности за државата, напредокот на државата. Присуството на основање на партија не значи по дефиниција веднаш дека ќе се направи коалиција или дека ќе има некаква соработка, едноставно тоа е дел од политичката култура во партиите во Македонија, кажа Петровска.

Арсовска денеска не сакаше да одговара на политички прашања и не одговори дали нејзината партија би коалицирала со СДСМ.

Слични содржини