Притвор за дилер фатен со 34 пакувања дрога

од Nikola Popovski
207 прегледи

Судија на претходна постапка од Основен суд Велес му одреди мерка притвор во траење од 30 дена на А.М. (38) од Велес поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

На 23.03.2024 во 21.45 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода А.М.(38) и Е.Д.(36), двајцата од Велес, затоа што кај А.М. биле пронајдени и одземени 34 пакувања со кафеава прашкаста материја и дигитална вага, а кај Е.Д. пронајдена и одземено едно пакување со марихуана.

По документирање на случајот, од страна на СВР Велес е поднесена кривична пријава, а од страна на судија на претходна постапка е одредена мерка притвор за А.М..

Слични содржини