Притвор за ќерка која со чекан се обиде да ја убие мајка си

од Nikola Popovski
30 прегледи

Поради основано сомнение дека сторила кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 (во обид), Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе истрага против 32-годишна жена.

На 10 септември, во раните утрински часови, при вршење семејно насилство, осомничената се обидела да ја лиши од живот сопствената мајка. Додека жртвата спиела во заедничкиот дом, осомничената која подолг период се заканувала дека ќе го стори делото, ја удрила својата мајка со тврд предмет (чекан) по главата. Сведок на настанот бил таткото на осомничената, кој ја задржал и не и дозволил да избега по настанот.

Поради опасноста од бегство, пред се имајќи ја предвид висината на запретената казна за ваков облик на кривично дело, можноста да влијае врз сведокот или да се обиде да го доврши кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кавадарци достави предлог за определување мерка притвор. Судијата го прифати предлогот и синоќа донесе решение со кое на осомничената и определи притвор во траење од 30 дена.

Слични содржини