Профити повисоки и за 100 пати во ковид-кризната 2021 година во однос на остварените во 2024 година. Добивки што се бројат во милиони евра во период на здравствена криза. Ланските профити на дел од приватните лаборатории драматично пониски од оние во ковид-кризната 2021 година.
Според пресметките на „Бизнис инфо“ во ковид-кризната 2021 ва само три приватни лаборатории прикажале вкупен приход од 23 милиони евра.
„Бизинис инфо“ ги профилира финансиското работење на дел од водечките лаборатории.
БИОТЕК ДОО експорт-импорт Скопје е лабораторија која според остварената добивка во 2024. е прва во групата на приватни лаборатории. Оваа приватна здравствена установа лани прикажала профит во износ од 2,26 милиони евра. Зад неа со профит од 226.200 е ПЗУ -дијагностичка лабораторија АВИЦЕНА ЛАБОРАТОРИЈА Скопје, а на трето место со прикажана добивка од скоро 10.000 евра во 2024-та е ПЗУ дијагностичка лабораторија со биохемиска и микробиолошка лабораторија СИНЛАБ Скопје.
Податоците од „Бизнис-мрежа“ покажуваат дека во изминатите две години профитите на приватните лаборатории се значајно намалени во однос на двете ковид-кризни години 2020 и 2021 кога добивките на лабораториите и воопшто на приватното здравство уриваа рекорди.
Целата анализа на следниот линк!