Приватните автобуси го блокираа Скопје (ФОТО)

од Nikola Popovski
252 прегледи

Во текот на денот дојде до делумна блокада на булеварот „Илинденска“ откако приватните превозници на „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ паркираа 200 автобуси на улицата пред Градското собрание.

Целиот булевар не е закочен, бидејќи автобусите се паркирани на крајот на двете ленти од булеварот, со што делумно сообраќајот се одвива.

Доколку викендов нема преговори и наоѓање решение, тие најавија целосна блокада на сообраќајот во Скопје, поточно протести на крстосниците кај ТЦ „Мавровка“, крстосницата кај зградата на Црвениот крст и целосна блокада на булеварот „Илинденска“.

-Жал ни е за граѓаните. Ваквите одлуки се поради желбите на градоначалничката. Знаеме дека ЈСП нема капацитет, а нашите автобуси да стојат овде паркирани за да покажеме колку сме. Сообраќајот е оневозможен и автобусите се паркирани на крајните десни ленти. Немаме друг начин. Ова е се производ на првата жена на Градот, истакна претставникот на „Слобода превоз“, Кемал Муриќ.

Фото: Локално

Во врска со информацијата за раскинување на договорот помеѓу Град Скопје и „Слобода Превоз“, од здружението на приватни автобуски превозници информираат дека ќе ја оспорат таквата одлука и ќе поведат спор пред надлежниот суд.

Возачите бараат ЈСП да им го исплати долгот кој според нив е над 2 милиони евра.

Од Градот сега велат дека се работи на нов јавен повик на кој постоечките превозници ќе можат директно и индивидуално да аплицираат за автобуска линија. Досега тоа можеа да го прават само заедно преку фирми за линии во пакет. Новите договори, како што најави Арсовска, ќе имаат и нови услови, пред се во делот на еколошките стандарди.

Фото: Локално

Слични содржини