Дваесет и седумгодишник од Кавадарци П.Ќ. попладнево околу 16 часот во близина на паркот во Кавадарци е лишен е од слобода бидејќи полицијата кај него нашла поголемо количество наркотици.
Бил приведен од припадници на Единицата за недозволена трговија со дрога, Секторт за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при Одделот за криминалистичка полиција и Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес во рамки на активностите за откривање дилери на дрога.
-Кај него полициските службеници пронајдоа поголемо пакување амфетамин, а подоцна во неговиот дом предал уште уште пет пакувања амфетамин, подготвени за улична продажба и поголемо пакување на синтетичка дрога кристал – мет, соопшти Министерството за внатрешни работи.
МВР наведува дека лицето е приведено и во координација со Јавен обвинител од ОЈО Кавадарци против него ќе биде поднесена кривична пријава.