355
Рано утрово на распит е приведен поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски, пишуваат повеќе медиуми.
Според информациите полицијата го спровела пред судот,по наредба на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција.
Рашковски, пред неколку дена поднесе оставка од функцијата секретар за мониторинг и поддршка на институциите при реализација на владината програма. По бројните критики во јавноста и неколкуте случаи коишто беа отворени за него, тој во својота неотповиклива оставка вели дека се повлекува за да го зачува достоинството и интегритетот.