Приведен двокрадец во скопско

од Vladimir Zorba

Полициски службеници синоќа во селото Горно Количани привеле дрвокрадец од скопското село Драчевица.

Тој, заедно со уште едно лице кое е во бегство, во селото Батинци не застанале на знакот за запирање даден од полициските службеници по што совозачот почнал да фрла дрва од возилото. Притоа, еден од полициските службеници испукал предупредувачки куршум во воздух.

– Возилото било сопрено во с.Горно Количани, по што совозачот го напуштил местото, а возачот Р.А. бил лишен од слобода и приведен во полициска станица. Возилото и дрвата биле одземени и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат денеска од МВР.

Слични содржини