115
Денеска (16.02.2023) околу 12.00 часот на Зелен пазар, во центарот на Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода Е.А.(19) од Штип. Тој бил фатен веднаш по извршување тешка кражба на дрзок начин, при што од С.Т. од Скопје одзел накит.
Кај него бил пронајден одземениот предмет и бил вратен на сопственичката.
Е.А. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.