Приведен криминалец од Грчец баран со потерница

од Nikola Popovski
72 прегледи

На 29.12.2024, полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции го лишиле од слобода Б.Љ.(33) од с.Грчец, скопско, кој бил баран по централна потерница, врз основа на наредба на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за издржување мерка притвор поради сомнение за сторено кривично дело по член 215 став 3 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведенo во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката притвор.

Слични содржини