Приведен криминалец од Тетово баран со потерница

од Vladimir Zorba

Полициски службеници од СВР Тетово денеска околу 16 часот, на улица „Иво Лола Рибар” во Тетово, со судска наредба, го привеле 34-годишниот тетовец И.А., осуден на тригодишна затворска казна за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.

Како што информираат од МВР, И.А. е спроведен во Казнено-поправната установа – Затвор Идризово во Скопје за издржување на казната.

Слични содржини