Приведен криминалец баран за шверц на 100 килограми марихуана

од Nikola Popovski

Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар денеска (9март) околу 17 часот и 20 минути, на улица “Светозар Пеповски” во Гостивар , со наредба од Основно јавно обвинителство Скопје, го лишиле од слобода 38-годишниот гостиварец Е.М.

Тој се сомничи за инволвираност во случајот од 15 декември минатата година, кога на наплатната станица Глумово било фатено товарно моторно возило со 100 килограми марихуана.

-Е.М. извесно време бил во бегство надвор од нашата земја, а денеска, откако е приведен, ќе биде спроведен во Казнено-поправната установа Затвор “Скопје” во Скопје за издржување на определениот 30-дневен притвор, соопштија од МВР.

Слични содржини