Во близина на кумановското село Костурник полицијата попладне го лишила од слобода Б.М.(23) од с.Вртекица, општина Студеничани, откако при контрола во возило „фолксваген бора“ со велешки регистарски ознаки кое го управувал, биле пронајдени 12 лица мигранти од Сирија, од кои четири малолетници.
-Во близина на наплатната станица Романовце кај Куманово, 16.35 часот, полициските службеници дале знак за запирање на возилото, но возилото продолжило со движење. Во близина на село Костурник возилото било запрено, по што Б.М. се обидел да избега, но веднаш бил фатен и лишен од слобода, информира МВР.
Б.М и мигрантите биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.