243
Полициски службеници од Полициска станица Радовиш вчера околу 15.50 часот во близина на струмичкото село Дукатино, го лишиле од слобода Е.М.(24) од Виница.
Како што денеска информираа од МВР, тој бил затекнат како управува патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, кое било запрено од страна на полициски службеници, а во него се превезувале седум илегални мигранти.
– Е.М. бил приведен, со него бил извршен службен разговор и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, појаснуваат од МВР.