Приведен малолетник кој бил фатен со електро-шокер

од Nikola Popovski
209 прегледи

Во текот на вчерашниот ден (06.03.2023) во периодот од 06.00 до 10.00 часот на територијата на Република Северна Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, преглед на средношколци пред влегување во училишта, угостителски објекти и игри на среќа во непосредна близина на училиштата.

При контролата приведено е едно малолетно лице од Скопје по Закон за оружје член 80 став 3, кај кого при преглед бил пронајден електро-шокер. Исто така санкционирани се 30 возачи поради сторени сообраќајни прекршоци, од кои 12 за возење без возачка дозвола…

-Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и на тој начин сите заеднички да придонесеме да се зголеми безбедноста на децата и на сите нас, порачаа од МВР.

Слични содржини