Приведен маж од крушевско за намерно предизвикување на пожар

од Vladimir Zorba
313 прегледи

Полициски службеници од СВР Битола- ОВР Крушево го приведоа П.З.(70) од село Светомитрани, крушевско, поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност”, односно намерно предизвикување на пожар во селото.

Како што информирата од Министерството за внатрешни работи тој бил затекнат во моментот додека пали сува трева во атар на селото.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 288 од Кривичниот законик.

Слични содржини