Приведен напаѓачот на лекарот, му нанел расекотини и хематом на главата

од Берта Китинска
411 прегледи

Приведен е триесет и двегодишниот С.И. од Скопје поради напад врз лекар од Клиниката за токсикологија. Против него Министерството за внатрешни работи ќе поднесе соодветна пријава.

Напаѓачот вчера го однел своето малолетно дете на Клиниката за токсикологија а откако дежурниот лекар му рекол дека детето треба да се однесе на педијатрија, таткото го нападнал лекарот и му нанел расекотини и хематом на главата.

Лекарот бил прегледан во Ургентиот центар, а потоа бил пуштен на домашно лекување.

Слични содржини