130
Полициски службеници на СВР Тетово вчера (10.04.2023) околу 16.15 часот во Тетово го лишиле од слобода 27-годишниот тетовец Е.И.. Тој се сомничи дека на 9/10.04.2023 извршил две разбојништва и еден обид за разбојништво во казина во Тетово.
Заканувајќи им се на вработените со остар и тврд предмет, тој одзел извесна сума парични средства. Со соодветен поднесок со кој ќе бидат опфатени трите сторени кривични дела, тој денеска (11.04.2023), во координација со Јавен обвинител ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.