Приведен сопственик на кафеана, работеле по 18 часот

од Берта Китинска
318 прегледи

Вчеравечер е приведен сопственик на угостителски објект од Желино, кој работел по дозволеното време согласно мерките против пандемијата, а воедно во неговиот локалот била откриена и жена од Косово која „го злоупотребила туристичкиот престој во Македонија за други цели“.

Вчера (27 декември) околу 19 часот и 15 минути, полициски службеници од СВР Tетово го лишиле од слобода 43-годишниот Ј.Ф. од тетовско Желино, чиј угостителски објект во ова село работел по дозволеното време и во него имало гости, меѓу кои и косовската државјанка В.Г.(35) која, исто така, била лишена од слобода поради злоупотреба на туристичкиот престој, односно престојување спротивно на целта. Ј.Ф. е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок по член 206 од Кривичниот законик, а поради сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. Објектот е времено затворен од Државниот пазарен инспекторат. Косовската државјанка, пак, предадена е за натамошна постапка во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија.

Слични содржини