Приведен возачот кој ја усмрти младата радовишанка кај „Сити мол“

од Берта Китинска
370 прегледи

Министерството за внатрешни работи известува дека по насока на јавен обвинител кој ја води истрагата за сообраќајката кај Сити мол сторителот е приведен во полициска станица, земени се крв и урина за утврдување на тоа дали има присуство на алкохол и опојни дроги, што е стандардна процедура во вакви случаи.

Како што велат од полицијата, на лице место починала 24-годишна девојка од Радовиш.

-На 20.01.2022 год. во 19.44 час. пријавено е дека на улицата Московска со бул.Партизански Одреди се случила сообраќајна незгода во која ПМВ Цитроен управувано од Ј. Ѓ. (1999) од Скопје удрило во Л.Д. (1997) од Радовиш, кој е повреден и пренесен во ГОБ 8-ми Септември и В.Н. (1997) од Радовиш која починала на лице место, соопштија од МВР.

МВР информираше дека има уште едно повредено лице во трагичната сообраќајка што се случила во непосредна близина на крстосницата пред „Сити мол“.

Според информациите во медиумите од болницата Св „Наум Охридски“ велат дека момчето кое вчера беше прегазено со младата девојка, која загина на лице место, е во добра состојба и е пуштено на домашно лекување.

Слични содржини