275
Тетовската полиција привела вработена во Клиничката болница која снимала пациентка и видеото го објавила на социјалните мрежи, информираат од МВР.
Полициски службеници на СВР Тетово вчера (28 ноември) околу 20 часот и 10 минути ја лишиле од слобода 46-годишната А.А. од тетовска Брвеница, која претходно била пријавена од 47-годишниот И.Б. од тетовско Слатино дека во тетовската Клиничка болница, каде била вработена, неовластено ја снимила неговата мајка која била хоспитализирана на едно од одделенијата.
Вработеото е задржана е во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот.