Приведени 62 лица, за време на полицискиот час

од Берта Китинска
157 прегледи

Од вчера на целата територија на државата започна да се применува ограничување на движењето во периодот од 16:00 до 05:00 часот.

Во текот на изминатото деноноќие, вкупно 97 лица не ја почитувале мерката за ограничување на движењето, од нив 5 се лица на возраст до 18 години и 1 лице на возраст над 67 години. Од страна на полициските службеници приведени се 62 лица, опоменати се вкупно 10 лица, а за 23 лица земени се податоци за понатамошно постапување.

Од страна на Секторите за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство поднесени се 52 кривични пријави за 65 сторители и 17 известувања.
За 65 лица издадени се решенија за изолација, а 82 лица потпишале изјави за самоизолација.

Додека пак, од страна на Секторот за секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика регистирани се 2 настани поврзани со говор на омраза и за истите поднесени се известувања до ОЈО.

Слични содржини