Приведени двајца скопјани поради агресивен однос кон полициски службеници

од Vladimir Zorba

Двајца скопјани биле приведени бидејќи агресивно се однесувале кон полициски службеници, информираат од Министерството за внатрешни работи.

– Денеска во 01.30 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, Скопје, од полициски службеници од Полициската станица Ѓорче Петров бил приведен скопјанецот Т.С., на возраст од 45 години, поради тоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија. Вчера во 09.35 часот на подрачјето на Чаир, од полициски службеници од Полициската станица Чаир, бил приведен скопјанецот К.С., на возраст од 32 години, поради тоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија, појаснуваат од МВР.

По целосно документирање на случаите, ќе следат соодветни поднесоци.

Слични содржини