Приведени и казнети „диви тркачи“ на скопските улици

од Берта Китинска
247 прегледи

Санкционирани се 12 возачи на мотори кои организираат „диви трки“ на подрачјето на Скопје, а привремено се одземени три мотоцикли во рамки на полициска акциска контрола.


– Секторот за сообраќајни работи при Бирото за јавна безбедност во координација со Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на 19/20.07.2020 во периодот од 18.00 до 02.00 часот спроведе акциска контрола за откривање возачи на мотори кои организираат „диви трки“ на подрачјето на Скопје, соопштија денеска од МВР.

Слични содржини