153
На 25.02.2023 во 01.00 часот на подрачјето на Бит Пазар од полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар биле лишени од слобода А.Б.(23) и И.Б.(21), двајцата од Скопје, поради тоа што на 24.02.2023 на бул.„Крсте Мисирков“ извршиле кривично дело тешка кражба од патничко моторно возило „шкода“ со турски национални ознаки, сопственост на А.К.(55) од Р.Турција. и од возилото одзеле предмети.
Со пријавените бил извршен службен разговор, а пронајдени биле предметите кои биле вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот од страна на ЕВР Центар и Бит Пазар ќе следи соодветен поднесок, соопшти МВР.